• недела, 22 декември 2024

Ангеловски: Во ОТА прислушувањето е строго контролирано, недостига ефикасен парламентарен надзор што тоа ќе го потврди

Ангеловски: Во ОТА прислушувањето е строго контролирано, недостига ефикасен парламентарен надзор што тоа ќе го потврди
Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Во ОТА се врши организирано прислушување но легално, и тоа е строго контролирано, но недостига ефикасен парламентарен надзор што тоа ќе го потврди, нагласи директорот на ОТА, Зоран Ангеловски во обраќањето на вториот панел „Интеграција во ЕУ и добро управување во разузнавачкиот и безбедносниот сектор“ во рамки на Годишната конференција посветена на реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор во Република Северна Македонија.  организирана од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ). -Ние никако да излеземе од таа матрица на размислување дека скоро сите во државата се убедени дека се прислушкува. Тоа ни е веќе состојба на свест како резултат на онаа голема афера што ја имавме пред 7-8 години и суштината зошто е формирана ОТА беше да покаже и докаже дека тоа ќе оди на институционален начин дека ќе биде строго контролирано и дека ќе се спречат сите можности за во иднина да не се повтори. Една од работите која требаше да се случи и се случи, но недоволно ефикасно и на потребниот начин е надзорот. Во ОТА се органиизира прислушување но легално, и никој ништо не слуша, немаме пристап до содржината, вели директорот Ангеловски. Тој нагласи дека работата на ОТА се одвива согласно стандардите на НАТО и ЕУ. - Одговорно тврдам дека она што се случува во ОТА е строго контролирано. Ние изградивме комплетно дигитализиран систем сето ова е организирано на прилично модерен начин согласно стандардите на НАТО и ЕУ. ОТА е комплетно дигитализирана. Ние знаеме во ОТА дека сме комплетено чисти, но тоа не е доволно. Суштината е дека треба да дојде контрола тоа да го констатира на ефикасен начин и од тамуи да излезе едно соопштение до јавноста дека се е во ред. И кога тоа ќе се повтори неколку пати ќе почнеме да креираме впечаток дека работите се одиваат во саканиот правец. Но, она што сакам да го кажам е дека по секоја контрола од Собраниската комисија од претходниот и сегашниот парламентарен состав секогаш имаме горчлив вкус и тоа не е по вина на ОТА, ниту на Парламентарната комисија, законите се напишани така како што се напишани, вели директорот на ОТА. Тој појаснува дека во ОТА доаѓаат „анонимизирани“ наредби две - една е за потребите за контрола и надзор и една за ОТА. Во оваа за ОТА има и број, а во оваа за контрола и надзор нема ни број, а кога ќе дојде претставник од Парламентот да го контролира ова како процес не може да види ништо освен идентификационен број. Потребно е, вели, технички експерти тоа да го проверат, за што апелира веќе три години. - Ние го подготвивме системот и за тој вид на контрола ги имаме сите потребни јузери и сертификати кои можеме да ги дадеме на техничкиот експерт. Но, не се случува затоа што се уште нема посета од технички експерт, заглавена е работата во Собранието не знам поради кои причини. Ќе ми истече мандатот и доаѓам во ситација дека ќе не можам да докажам дека со ОТА се е во ред. Иако сме горди на она што е постигнато, вели Ангеловски. Пратеникот Игор Јанушев претседател на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, се согласи дека проблемот е немање на технички експерти со чиј надзор би се покажало дека со ОТА се е во ред. -Иако со сите проблеми со кои се соочивме при формирањето на оваа Комисија како работно тело во Собранието во однос на добивањето на безбедносните сертификати успеавме со запазување на законските рокови да објавиме јавен оглас да спроведеме интервјуа, да ги избереме експертите, но еве веќе две години од страна на Собранието истите не се ангажитраат и ние сме во немоќност да спроведеме ефективен надзор, вели Јанушев според кого ова се однесува и за АНБ и за сите институции кои имаат допирна точка со прислушувањето, вклучувајќи го и Обвинитеклството за гонење организиран криминал и корупција. вг/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан