Американците уништија 10 дронови на бунтовниците Хути во Јемен
- Беспилотните летала „претставуваа непосредна закана за американските трговски и воени бродови во регионот“, соопшти американската команда за Блискиот Исток (Centcom).

Вашингтон, 1 февруари 2024 (МИА) - Американската војска рано утринава соопшти дека уништила десет беспилотни летала и командна станица на бунтовниците Хути во Јемен.
Беспилотните летала „претставуваа непосредна закана за американските трговски и воени бродови во регионот“, соопшти американската команда за Блискиот Исток (Centcom).
Како што наведе американската команда, акцијата против бунтовниците блиски до Иран била спроведена вчера.сд/
фото:МИА архива