• недела, 22 декември 2024

Американски носач на авиони на нуклеарен погон вплови во Сплит

Американски носач на авиони на нуклеарен погон вплови во Сплит
Загреб, 3 ноември 2022 (МИА) - Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон USS George H.W. Bush (CVN 77) изутринава вплови во сплитското пристаниште. Станува збор за најмладиот американски носач на авиони и еден од најголемите воени бродови на светот. Хрватската Влада кон крајот на октомври даде дозвола за неговото впловување. Бродот е од класата Nimitz и долг е 333 метри. Неговата максимална брзина надминува 30 јазли, а се напојува од два нуклеарни реакторa. Може да плови повеќе од 20 години без дополнување гориво. Капацитетот на бродот е 3.532 членови на eкипаж и може да носи 90 авиони и хеликоптери. Бродот е изграден во 2009 година, а цената за изградбата беше 6,2 милијарди долари. Тој кон крајот на октомври ја предводеше големата воена бежба на НАТО на подрачјето на Медитеранот. Вежбата вклучуваше над 80 авиони, 14 бродови и околу 6.000 припадници од 24 држави сојузници и партнери на НАТО, а меѓу нив и Финска и Шведска. бд/

Остани поврзан