Американската компанија „TEXAN & Envipco“ ќе инвестира во Северна Македонија
- Американската компанија „TEXAN & Envipco“ ќе отвори фабрика за рециклирање на пластика во Северна Македонија. Оваа одлука му била соопштена денеска во Атина на премиерот Зоран Заев и на вицеп

Скопје, 14 мај 2021 (МИА) - Американската компанија „TEXAN & Envipco“ ќе отвори фабрика за рециклирање на пластика во Северна Македонија. Оваа одлука му била соопштена денеска во Атина на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на средбата што ја имале со претседателот на грчко-американската комора „АмЧам“, Николаос Бакацелос.
Компанијата веќе 10 години работи во Грција со современа технологија за рециклирање.
Премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, истакнал дека Северна Македонија посветено работи на унапредување на економската регионална соработка, за што говорат и податоците за солидната трговска размена со земјите од регионот и заедничките проекти во полето на енергетиката.Заев и Битиќи ги поканиле компаниите да ја посетат земјава и да ги искористат можностите за инвестирање и за заеднички вложувања со националните компании.
