• петок, 05 декември 2025

Американската администрација подготвена за првата продажба на воена опрема за Украина под лидерство на Трамп

Американската администрација подготвена за првата продажба на воена опрема за Украина под лидерство на Трамп

Вашингтон, 2 мај 2025 (МИА) - Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвена да одобри прва продажба на воена опрема на Украина, откако Министерството за внатрешна безбедност издаде лиценца за извоз на воена опрема и услуги во вредност од над 50 милиони долари.

Ова е првпат откако Трамп ја презеде власта САД да обезбедат воена помош за Украина, пишува „Гардијан“.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека потпишувањето на договорот е „историски момент“ и дека создава можност за значајни инвестиции во Украина.

И покрај првичните несогласувања за време на преговорите, украинските власти сега веруваат дека договорот ќе им овозможи и да се здобијат со клучни воени системи, како што се ракетните системи „Патриот“, што би можеле да се финансираат од фондот за минерали.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан