• понеделник, 23 декември 2024

Американката Морган стави крај на фудбалската кариера

Американката Морган стави крај на фудбалската кариера


Сан Диего, 6 септември 2024 (МИА) – Една од најдобрите фудбалерки во историјата, 35-годишната Алекс Морган, објави синоќа на социјалните мрежи дека става крај на својата играчка кариера.
„Фудбалот е дел од мене веќе 30 години, и тоа беше една од првите работи во кои се заљубив. Дадов сè за овој спорт и она што го добив за возврат беше повеќе отколку што можев да сонувам. Успехот за мене се дефинира со тоа што никогаш не се откажувам, давам сè од себе и токму тоа го правев“, изјави легендарната американска фудбалерка
Во истото видео Морган објави дека е бремена со своето второ дете.
„Јас сум бремена. Колку и да е ова неочекувано, ние сме пресреќни. За мене семејството е сè, не би била тука без мојот сопруг и моето семејство“, додаде Морган.
Таа, исто така, најави дека ќе го одигра последниот натпревар в недела, кога нејзиниот клуб, Сан Диего Вејв, ќе ја пречека Северна Каролина Куриџ. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан