Американец заразен од бубонска треска, ја добил од неговата мачка
- Заразениот е згрижен од лекари, а „во раните фази, болеста претставува мал ризик за заедницата“, велат официјалните лица.
Портланд, 13 февруари 2024 (МИА) - Здравствените власти во американската сојузна држава Орегон потврдија случај на бубонска чума кај човек. Лицето најверојатно било заразено од неговата домашна мачка.
„Болеста се шири преку воздухот и контаминираната храна, а поединецот најверојатно бил заразен од мачка која развила симптоми. Контактирани се сите луѓе кои имале близок контакт со тој граѓанин и неговото милениче и обезбедени се лекови за да се спречи болеста“, напиша службеникот за здравствени услуги во Округот Дешут, д-р Ричард Фосет во соопштението до јавноста.
Заразениот е згрижен од лекари, а „во тие рани фази, болеста претставува мал ризик за заедницата“, велат официјалните лица. Ова е првиот случај на бубонска треска кај човек во Орегон по повеќе од осум години. си/
Фото: МИА архива