Американец во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“
- Пчелите ги нападнале и неговите баба и вујко, кои биле во близина, па не можеле да му помогнат

Колумбус, 1 септември 2022 (МИА) - Дваесетгодишен Американец е во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“, информираше неговото семејство.
Остин Белами е на респиратор и во индуцирана кома во болница во Синсинати, Охајо, јави телевизијата Фокс 19.
Американецот несакајќи исекол кошница од пчели убијци, нарекувани и африкански пчели, што важат за доста агресивни.
Пчелите ги нападнале и неговите баба и вујко, кои биле во близина, па не можеле да му помогнат.
Момчето голтнало околу 30 пчели. Инцидентот се случил во петокот наутро, а медицински лица ги ваделе пчелите до неделата.
Здравствените работници веруваат дека момчето целосно ќе закрепне. бд/сд/