• петок, 05 декември 2025

Американецот Реина ја напушта Борусија Дортмунд

Американецот Реина ја напушта Борусија Дортмунд

 

Дортмунд, 23 август 2025 (МИА) – Играчот од средниот ред Џовани Реина е пред трансфер во Борусија Менхенгладбах од бундеслигашот тим Борусија Дортмунд.

Според повеќе германски медиуми, двата клуба постигнале договор, а се верува дека трансферната сума е околу седум милиони евра.

Американскиот репрезентативец Реина дојде во клубот од Дортмунд во 2019 година и ја мина последната година на позајмица во Нотингем Форест.

Италијанскиот прволигаш Парма, исто така, е заинтересиран за Реина.

Борусија Менхенгладбах бара нов офанзивен играч од средниот ред откако Аласан Плеа замина во ПСВ Ајндховен.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан