Алпин се откажа од Сајнц поради одбивањето долгорочна соработка
- Советникот на Формула 1 тимот Алпин, Флавио Бријаторе, објасни дека тимот сакаше подолгорочно партнерство отколку што би можел да понуди шпанскиот тркачки возач Карлос Сајнц.
Лондон, 16 декември 2024 (МИА) - Советникот на Формула 1 тимот Алпин, Флавио Бријаторе, објасни дека тимот сакаше подолгорочно партнерство отколку што би можел да понуди шпанскиот тркачки возач Карлос Сајнц.
- Кога бевме заинтересирани за Сајнц, разговарав со него и дознав дека тој не е соодветен за нас. Очекувавме договор на најмалку четири години. Карлос го одби. За нас нема смисла да земеме човек во тимот на краток временски период. Или верува во нашата програма и ќе остане до крај, или не, ја цитира „Би-би-си“ изјавата на Бријаторе.
Според резултатите од 2024 година, Карлос Сајнц беше на петтото место во индивидуалниот шампионат на Формула 1 возачи. Следната сезона тој ќе вози за тимот на Вилијамс, каде што пристигна од Ферари. Договорот со новиот тим е на две години. зс/
Фото: ЕПА