• вторник, 11 март 2025

Алонсо пред реваншот со Баерн: Понекогаш од тешките ситуации излегува нешто големо

Алонсо пред реваншот со Баерн: Понекогаш од тешките ситуации излегува нешто големо

Леверкузен, 11 март 2025 (МИА) - Тренерот на Баер Минхен, Чаби Алонсо ги сподели своите очекувања за реваншот против Баерн во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Првиот натпревар заврши со убедлива победа на тимот од Минхен - 3:0.

- Првиот чекор е да веруваме. За нас и за навивачите кои доаѓаат на стадионот. Мора да веруваат од првата секунда дека сме способни за ова. За нас ова е игра во друга димензија, може уште долго да остане во нашата лична историја - ако играме со големо срце, страст, агресивност, интензитет и ја одржуваме ладнокрвноста. Знаеме колку е тешко, но понекогаш нешто големо се раѓа од тешка ситуација, изјави Алонсо за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се одигра во Леверкузен вечер со почеток во 21 часот. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан