• недела, 24 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алонсо за трансферот на Мастантуоно: Не се плашеше да направи храбар чекор

Алонсо за трансферот на Мастантуоно: Не се плашеше да направи храбар чекор

Мадрид, 19 август 2025 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го коментираше трансферот на аргентинскиот играч од средниот ред, Франко Мастантуоно.

- Кога првпат разговарав со него, бев многу изненаден од неговата личност. Имаше 17 години и беше многу самоувере. Не се плашеше да направи чекор и да оди во Реал Мадрид. Можете да ја видите неговата зрелост, неговата желба, неговите квалитети. Ќе се интегрира во тимот многу брзо. Може да влезе како замена против Осасуна. Ќе игра добро, со енергија, посветен е и има добра динамика. Видов го поседува тој аргентински натпреварувачки дух, изјави шпанскиот фудбалски стручњак.

Мастантуоно потпиша договор со мадридскиот клуб до 30 јуни 2031 година. Трансферот од Ривер Плата вредеше 45 милиони евра.

Фудбалерот одигра 62 натпревари за Ривер Плата, постигна 10 гола и имаше седум асистенции. 

Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 30 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан