• недела, 22 декември 2024

Алкараз: Разбирам во каква позиција се наоѓа Синер

Алкараз: Разбирам во каква позиција се наоѓа Синер

Лондон, 30 септември 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го поддржа светскиот рекет број еден Јаник Синер по веста дека Светската антидопинг агенција (ВАДА) планира да го дисквалификува Италијанецот.

- Ова е навистина тежок момент за него. Знам дека сите зборуваат за ова, пишуваат во вестите. Веројатно, како што кажа и самиот Карлос пред турнирот во Њујорк, луѓето почнаа да гледаат на него поинаку. Не знам како ќе биде, но дефинитивно ја разбирам неговата позиција. Се надевам дека овој проблем наскоро ќе биде зад нас, и тој ќе може да се фокусира на она што го сака, а тоа е играњето тенис и ќе продолжи напред, изјави Алкараз за „Tennis-Infinity“.

Синер пролетта имал два позитивни теста за анаболичен стероид клостебол. Независен трибунал одлучи дека забранетата супстанца влегла во телото на тенисерот преку спреј за лекување на исеченици купени од неговиот фитнес тренер. Физиотерапевтот го користел за да ја залечи раната на раката. Подоцна, тој го масирал Синер без ракавици.

Дваесет и тригодишниот Италијанец е шампион на два Грен слем турнири во сингл (Австралија Опен 2024 и УС Опен 2024). Вкупно има 17 АТП титули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан