Алкараз го победи Циципас во финалето на турнирот во Барселона
- Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас го победи Гркот Стефанос Циципас во финалето на АТП турнирот во Барселона (Шпанија) со 6:3, 6:4.
Барселона, 23 април 2023 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас го победи Гркот Стефанос Циципас во финалето на АТП турнирот во Барселона (Шпанија) со 6:3, 6:4.
Средбата траеше 1 час и 20 минути. Алкараз направи три аса, една двојна грешка и реализира три брејк топки од шест шанси. Циципас сервира еден ас, една двојна грешка и имаше една реализирана брејк топка од две можности.
За 19-годишниот Алкараз оваа титула беше деветта во кариерата.
Турнир АТП Барселона „Опен Банк Сабадел“ се играше за награден фонд од 2,7 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА