• понеделник, 23 декември 2024

Алкараз го освои петтиот Мастерс во кариерата

Алкараз го освои петтиот Мастерс во кариерата

Индијан Велс, 18 март 2024 (МИА) – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз втора година по ред го освои Мастерсот во Индијан Велс, САД. Тој доцна синоќа во финалето го победи Русинот Данил Медведев со 2:0, по сетови 7:6 и 6:1.

Шпанецот ја освои 13-та титула во кариерата (вкупен биланс во финалето 13:4) и петтиот Мастерс (биланс во финалето – 5:1).

Алкараз е првиот тенисер што ја одбрани титулата во Индијан Велс по Новак Ѓоковиќ во 2016 година.

Дваесетгодишниот Шпанецот ја освои 13-та титула во кариерата (вкупен биланс во финалето 13:4) и петтиот Мастерс (биланс во финалето – 5:1).

Вториот светски рекет вторпат по ред го совлада Медведев на турнирот во Индијан Велс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан