Алкалоид го доби италијански Бриксен во осминафиналето на Европскиот Куп
- Ракометниот клуб Алкалоид денеска го доби противникот за осминафиналето на Европскиот Куп.

Виена, 6 декември 2024 (МИА) - Ракометниот клуб Алкалоид денеска го доби противникот за осминафиналето на Европскиот Куп.
Избраниците на Кире Лазаров ќе играат со италијански Бриксен, а овој ривал дава надеж за позитивен резултат и пласман во следната фаза.
Италијанците ќе бидат домаќини на првиот натпревар против македонскиот претставник, а дуелите ќе се играат на 15/16, односно 22/23 февруари. дс
Фото: Архива