Алијанса за Албанците: Одземање две лиценци не е војна против коцкањето, туку војна меѓу коцкари
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 24 јули 2024
Помпезните најави за наводна борба против коцкањето, со одземање лиценца на две фирми кои не платиле данок, се обид да се фрли прашина во очите на граѓанинот и да се прикрие големата измама на нелегитимната Влада.
Ова не е војна против коцкањето, туку повеќе наликува на војна меѓу коцкари, каде што на некого му се зема лиценца за да се создаде простор за други компании, а можеби дури и да дават лиценци на трети фирми блиски до власта.
Вистинската борба против коцкањето се прави само со законски решенија, со затворање на сите обложувалници и казина одеднаш.
Доколку навистина сакате војна против коцкањето, ве повикуваме да гласате за предлогот на Алијансата за Албанците и Европскиот фронт, со кој е предвидено да бидат затворени сите објекти на игри на среќа низ целата држава и да работат само во хотели со пет ѕвездички.
Алијанса за Албанците
_________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото Алијанса за Албанците