Алекса Бечиќ разрешен од функцијата претседател на црногорското Собрание
- За неговото разрешување гласаа 43 пратеници на опозицијата и на коалиција „Црно –бело“, додека против беа 36 пратеници. Бечиќ, кој не сакаше да зборува за време на гласањето, беше избран за
Подгорица, 7 фев руари 2022 (МИА) - Собранието на Црна Гора на вонредна седница вечерва го разреши претседателот на Собранието Алекса Бечиќ, јави МИНА.
За неговото разрешување гласаа 43 пратеници на опозицијата и на коалиција „Црно –бело“, додека против беа 36 пратеници.
Бечиќ, кој не сакаше да зборува за време на гласањето, беше избран за претседател на Собранието на 23 септември 2020 година.
Пратеникот на ДПС, Даниел Живковиќ рече дека партијата ќе гласа за отстранување на сите сегменти од власта кои не сакаат да учествуваат во решавањето на проблемот, со цел да се деблокираат институциите и да се забрза процесот на пристапување на Црна Гора во Европската унија (ЕУ).
Според него, разрешувањето на владата на Здравко Кривокапиќ дефинитивно го доведе во прашање легитимитетот и на претседателот на Собранието.
-Како некој ќе одлучува во следниот период во однос на формулирањето на ново парламентарно мнозинство, не сакаме сега да навлегуваме во тоа, рече Живковиќ.
Тој рече дека претходните 14 месеци се изгубени за Црна Гора.
Бечиќ во завршниот збор изјави дека на денешната седница се докажани наводите на пратениците на партијата Демократи од претходните недели.
-Ги претставив целите што ова свикување на собранието ќе ги постигне за четири години. Горд сум што по 1,5 година можам да кажам дека повеќето од овие цели се остварени речиси сто проценти, рече Бечиќ.
Тој кажа дека напишаното во иницијативата за негова смена е неосновано. сд/