• недела, 14 јули 2024

Албанка приведена од делчевската полиција поради обид за убиство

Албанка приведена од делчевската полиција поради обид за убиство
Делчево, 11 октомври 2021 (МИА) - Поради обид за убиство од 2016 година, во Полициското одделение од општа надлежност Делчево приведена е А.О. (30) од Република Албанија. Приведената чие место на живеење е делчевското село Тработивиште, како што соопштија, од полицијата е приведена синоќа во 02:15 минути по полноќ. - На 11 октомври 2021 во 02:15 часот од полициски службеници од Полициската станица Делчево, поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, лишена од слобода била А.О.(30) од Република Албанија, а со место на живеење во село Тработивиште, делчевско. А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година, информираат од полицијата. Лицето А.О. се товари врз основа на чл.123, а во врска со чл.19 од Кривичниот законик. Триесетгодишната Албанка била задржана во полициска станица за понатамошна постапка. вс/мс/

Остани поврзан