• недела, 05 април 2026

Албанката Дрита Зири крунисана за „Miss Earth 2023“ на изборот одржан во Виетнам

Албанката Дрита Зири крунисана за „Miss Earth 2023“ на изборот одржан во Виетнам

Тирана, 23 декември 2023 (МИА) - Албанката Дрита Зири синоќа крунисана е за „Miss Earth 2023“ на изборот одржан во Виетнам, со што влегува во историјата како првата Албанка која ја освоила оваа титула, а воедно и прва на волку голем меѓународен натпревар, објавија албанските медиуми.

Зири победи во конкуренција од 84 натпреварувачки на овој избор кој е еден од четирите најзначајните меѓународни натпревари во светот заедно со Мис Универзум, Мис на светот и Мис Интернационал.

-18-годишната манекенка од Фуш-Круја не е непозната за јавноста. Таа беше крунисана за „Мис Албанија 2022“ и учествуваше на „Мис глоби 2022“, каде ја доби втората награда и ја освои наградата „Мис бикини“, наведуваат медиумите.

Круната и ја предаде јужнокорејката Мина Сју Чои, која ја носи титулата „ Miss Earth 2022“. вт/ссм

Фото: принтскрин

Остани поврзан