• петок, 22 ноември 2024

Албанија на прагот на епидемија на грип, над 15 илјади случаи за една седмица

Албанија на прагот на епидемија на грип, над 15 илјади случаи за една седмица

Тирана, 17 јануари 2024 (МИА) - Албанија е на прагот на епидемија во однос на респираторните инфекции. За една седмица лекарска услуга побарале над15 илјади лица, потврдуваат од Институт за јавно здравје.

- Кривата на инфекции е во пораст, бидејќи кај нас циркулираат два вируси на грип А h1 N1 и Ah2 n3, вирусот ковид и бројни вируси кои го зголемија оптоварувањето на болниците во земјава. Бројот е многу повисок бидејќи има граѓани кои не се јавуваат кај лекар, додаваат од Институт за euronews.al.

Според истиот извор од недела во недела бројот на заболени се зголемува за најмалку 2000 случаи  а пикот се очекува во првите недели на идниот месец.

Погодени се сите возрасни групи, но најмногу малите деца од 0 до 4 години, а потоа од 5 до 14 години. Заразата е најпридутна во   Ѓирокастер, Грамш,  Фиер, Тирана, Драч и  Елбасан.

Покрај во болницата, состојбата со грипот во земјава почна да се одразува и со отсуства во училиштата и работните канцеларии, а се советува да се користат маски, да се избегнуваат групирање а се препорачува и вакцинација. вт/ссм/

Остани поврзан