• петок, 22 ноември 2024

Албанија испрати тим здравствени работници во Бергамо

Албанија испрати тим здравствени работници во Бергамо
Тирана, 28 март 2020(МИА) - Триесет албански лекари и медицински техничари отпатуваа за Италија за да им помогнат на нивните колеги во Бергамо во борбата против коронавирусот, јави дописничката на МИА од Тирана. „Испраќањето на здравствениот персонал се случува по вчерашниот разговор меѓу албанскиот премиер Еди Рама и италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо и го следи барањето на италијанските власти за солидарност и меѓународна помош, како што тоа веќе го покажаа Кина и Русија, наведува Топ чанел. На меѓународниот аеродром во Тирана медицинската екипа ја испрати Рама кој меѓу другото изјави дека „не може да ја гледа Италија во неволја“, а зборуваше и за помош затоа што „ја сакаме Италија“. - Ова е војна која никој не може да ја добие сам. Драги членови на оваа храбра мисија за живот, тргнувате во една војна која е и наша. Денес сите сме Италијанци и Италија ќе победи во војната и за нас и за цела Европа и светот. Бог да ве благослови сите, рече меѓу другото Рама на испраќањето. Албанските здравствени работници на аеродоромот во Рим ќе ги пречека министерот Ди Мајо. Во Италија ќе останат еден месец, а ќе ги плаќа албанската Влада и тоа по 3.000 евра лекарите, а по 2.500 евра медицинските техничари. вт/

Остани поврзан