• недела, 22 декември 2024

Албанија бара независна истрага за воени злосторства во Буча и најави тужба во СБ на ОН

Албанија бара независна истрага за воени злосторства во Буча и најави тужба во СБ на ОН
Тирана, 4 април 2022( МИА) - Официјална Тирана доцна синоќа реагираше во врска со „ѕверските убиства на цивили во украинскиот град Буча“, барајќи независна истрага за руските воени злосторства и најави тужба во Советот за безбедност на ОН, јави дописничката на МИА од Тирана.
Премиерот Еди Рама во реакција објавена на Твитер напиша дека сликите се вознемирувачки и додава дека треба да се стори се и да се „почне независна истрага за овие руски воени злосторства".
- Ужасните слики на убиени цивили во Буча се шокантни. Треба да се направи се и да почне  независна истрага за вакви ужасни воени злосторства. Ништо не може да ја оправда таквата суровост. Колку болка и колку срам, напиша Рама.
Реагираше и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, нарекувајќи ги шокантните слики од Буча „вистинското лице на рускиот криминален режим".
Таа најави дека Албанија ќе поднесе тужба како членка на Советот за безбедност на ОН.
Реакциите на осуда следуваа по информациите дека во украинскиот град Буча, во близина на Киев,  е откриена масовна гробница во која биле пронајдени тела на 57 убиени цивили. вт/паг/

Остани поврзан