• недела, 22 декември 2024

Албанезе: Активиран национален механизам за координација поради прекини во ИТ системите

Албанезе: Активиран национален механизам за координација поради прекини во ИТ системите

Канбера, 19 јули 2024 (МИА) - Австралискиот премиер Ентони Албанезе објави дека е активиран национален механизам за координација за справување со проблемите и прекините во компјутерските системи на голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании во Австралија што се случија денеска.

„Разбирам дека Австралијците се загрижени поради прекинот што се случува на глобално ниво и влијае на широк опсег на услуги“, објави Албанезе на X.

Националниот координативен механизам (НКМ) обединува различни владини агенции, како и претставници од индустријата и приватниот сектор за да ги координираат одговорите на големи кризи. паг/

Фото: ЕПА
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан