• недела, 22 декември 2024

Акција за пошумување на 20 илјади садници во Општина Боговиње

Акција за пошумување на 20 илјади садници во Општина Боговиње

Тетово, 18 ноември 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на Општина Боговиње Бесник Емшиу учествуваа во акцијата за засадување на садници на локацијата во непосредна близина на селото Боговиње. 

Целта на оваа е да ја подигне свеста и да ги развива позитивни навики кај учениците од најмала возраст. Во акцијата беа вклучени ученици од ОУ „Сами Фрашери" од Пирок, ОУ „Абдил Фрашери" од Боговиње, ОУ „Сабедин Бајрами" од Камењане, ОУ „Дервиш Цара" од Долно Палчиште и ОУ „Лирија“ од Жеровјане.

-Ние сме сите свесни дека климатски промени вистина се случуваат. Тоа значи дека ќе имаме поплави, ќе имаме други несреќи. Затоа е битно да бидеме тука за пошумувањето денес, за нашите млади бидејќи зборуваме за иднината нивна, не само за нашето време. Затоа е важно да го споменам дека денес ќе биде второ читање на закон за заем од ЕБОР со кое ние ќе финансираме инфраструктура, изградба на депониите во државата како што е  Русино во Полог и другите региони. Благодарејќи на Швајцарска амбасада за поддршката со грант компонента од 9,5 милиони франци ние ќе изградиме депонијата по меѓународни стандарди, ќе набавиме камиони и контејнери, изјави министерот Насер Нуредини.

Акцијата е во рамки на проектот за подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион финансиран од Швајцарската влада, а имплементиран од Програмата за животна средина на Обединетите Нации и Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Пошумувањето е една од ретките активности кои можат да помогнат драматично во намалување на природните непогоди. Мило што се тука повеќе засеганти страни, училишта, министерства, општина. Само преку заеднички напори можеме да имаме подобри резултати. Во мојата земја имаме изрека дека едно дете станува маж кога ќе изгради куќа и ќе посади едно дрво. Уште од дамнешни времиња луѓето даваат големо значење на садењето на дрвјата. Убаво е да се видат деца кои се надевам ќе растат заедно со дрвјата кои ги посадија. УНДП има искуство во регионот во однос на пошумување и намалување ризици од временски непогоди. Ова не е само еколошко прашање туку и важно политичко прашање. Во Бразил клучно прашање за време на кампања беше спречување на сечење дрвја во реката Амазон, изјави постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан

Амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман рече дека со ова сакаат да се прати порака за да се заштити природата од непогоди.

-Сите знаме дека со климатските промени ќе имаме се повеќе и повеќе поплави, пожари и други несреќити прашањето е што може ние повеќе да заштитиме и да оставиме наследство на иднините генерации. Решението на овие проблеми е комплексно не е лесно, мислиме дека со овие активности и пошумувањето можеме да помогнеме да се спречат таквите непогоди и да се заштитат селата. Дрвјата и шумите помагаат во намалување и емитувањето на јаглерод диоксиод и за поголема количина на кислород. Мора да имаме многу повеќе дрвја и шуми за идните поколенија и со тоа ќе помогнеме за побогата природа, изјави Вероник Улман.

  Бесник Емшиу градоначалникот на Боговиње информираше дека ќе се засадат 20 илјади садници на шест хектари. Во оваа општина со проектот на УНДП и Швајцарската амбасада се работи и на потпорни ѕидови за заштита од ерозија во Боговиње, Пирок и Јеловјане. ас/ир

Остани поврзан