Акција за подобрување на хигиената на потегот од фабриката „Руен“ до СОУ „Гошо Викентиев“
- Општина Кочани информира дека екипи на КЈП „Водовод“ денеска реализирале акција за подобрување на јавната хигиена на потегот од фабриката „Руен“ до СОУ „Гошо Викентиев“.
Кочани, 18 декември 2025 (МИА) - Општина Кочани информира дека екипи на КЈП „Водовод“ денеска реализирале акција за подобрување на јавната хигиена на потегот од фабриката „Руен“ до СОУ „Гошо Викентиев“.
Според информацијата, во рамките на акцијата се чистеле јавни површини и се отстранувал насобраниот отпад и обраснатото зеленило по рабниците на тротоарите долж овој фреквентен дел од градот.
Акцијата е дел од континуираните активности за подобрување на степенот на хигиенските услови и подобрување на изгледот на јавниот простор, велат од локалната самоуправа.ис/вј/
Фото: Општина Кочани