• понеделник, 23 декември 2024

Акција за заловување кучиња скитници во Пехчево

Акција за заловување кучиња скитници во Пехчево
Делчево, 28 октомври 2022 (МИА) - Општина Пехчево ќе отпочне со реализација на законската обврска за заловување кучиња скитници. Со акцијата, како што информираат од Општината, ќе бидат опфатени и кучиња кои имаат сопственик, а слободно шетаат по улиците. - Заловувањето на бездомните кучиња и кучињата кои имаат сопственик, а слободно шетаат по улиците, ќе се врши од страна на квалификувани лица на избраната фирма на тендер за заловување  на кучиња, на начин  кој нема да предизвика непотребна болка  или страдање, информираа од Општината. Согласно  одлуката за комунален ред на Општина Пехчево, апелираа за време на акцијата, сопствениците своите кучиња да ги држат во сопствените дворни места. - Акцијата за заловување на кучиња скитмици на територијата на Општина Пехчево ќе се спроведе во текот на наредните денови. За време на акцијата кучето може да се изведе надвор од дворното место само со кошница на устата и врзано со каиш придружувано  од сопственикот, додадоа од Општината. Трошоците за заловување и третман на регистрираните  и нерегистрираните кучиња се на товар на сопствениците на кучињата, а во случај на бездомни кучиња, товарот паѓа на Општина Пехчево. вс/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан