Акциска контрола во угостителски објекти во Тетовско, приведени шест лица во одвоени случаи
- Шест лица се приведени во одвоени случаи при акциска контрола спроведена ноќеска од 22.50 часот до 01.00 часот во три угостителски објекти на подрачјето на Тетово од страна на полициски служ
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Шест лица се приведени во одвоени случаи при акциска контрола спроведена ноќеска од 22.50 часот до 01.00 часот во три угостителски објекти на подрачјето на Тетово од страна на полициски службеници на СВР Тетово, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделението за прекуграничен криминал и миграции во содејство со Трудов инспекторат.
- Во 00.30 часот во угостителски објект во с.Горно Седларце, тетовско, биле приведени А.К.(34) и Е.К.(37), двајцата од Република Албанија, поради илегален престој во Република Северна Македонија и неносење на дозвола за престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.
Во 01.50 часот, пак, во угостителски објект во тетовско Жеровјане, од слобода биле лишени четири странски државјанки - К.И.(29) од Република Бугарија, Д.К.(32) од Република Србија, А.Х.(24) од Русија и М.Н.(26) од Република Србија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.
Во соопштението се наведува дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. цр/лв/