• понеделник, 23 декември 2024

Актуелниот гевгелиски градоначалник се кандидира за втор мандат

Актуелниот гевгелиски градоначалник се кандидира за втор мандат
Гевгелија,28 јуни 2021(МИА) - Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, денеска потврди дека поднел кандидатура за втор мандат. Тој смета дека доколку ја добие довербата од неговата партија СДСМ, е подготвен уште еднаш да ја побара довербата и од граѓаните на општина Гевгелија на локалните избори во месец октомври оваа година. Поттик за кандидатурата му дало неговото лично задоволство од сработеното во изминатите четири години поради што бил подготвен повторно да се трка за градоначалник ако биде избран меѓу неколкуте сопартијци, кои аплицирале за функцијата градоначалник на општина Гевгелија. -Убеден сум во тоа дека  кој било да биде кандидат за градоначалник на општина Гевгелија од редовите на СДСМ ќе победи на претстојните есенски локални избори и дека мојата партија повторно ќе го има мнозинството во Советот на општина Гевгелија. им/свс/

Остани поврзан