Активиран вулканот Анак Кракатау во Индонезија
- Вулканот Анак Кракатау во Индонезија се активира и исфрли пепел во висина од половина километар. Жртви нема, изјвија денеска на локалната телевизија научници од Центарот за вулканологија и ге
Џакарта, 11 април 2020 (МИА) - Вулканот Анак Кракатау во Индонезија се активира и исфрли пепел во висина од половина километар. Жртви нема, изјвија денеска на локалната телевизија научници од Центарот за вулканологија и геолошки катастрофи.
Како што пренесуваат странските агенции, ерупцијата траела непрекинато од синоќа до утрово.
Властите прогласија предупредување од втор степен од максимум четири. паг/