• недела, 30 јуни 2024

Актерот Ник Кордеро ставен на респиратор

Актерот Ник Кордеро ставен на респиратор
Њујорк, 28 април 2020 (МИА) - Познатиот американски театарски глумец Ник Кордеро е зависен од респиратор откако вчера разви треска како компликација од новиот коронавирусот. Актерот од Бродвеј се бори со вирусот веќе неколку недели. - Лекарите не можат да го тргнат од респираторот откако го зафати треска. Состојбата засега е под контрола... Но, чувајте нѐ и нас и Ник во вашите молитви, изјави сопругата на глумецот, Аманда Клутс. Кордеро (41) и Клутс пред 10 месеци го добија синот Едуардо. си/ми/

Остани поврзан