• петок, 05 декември 2025

Актерите Ане Блажовски и Кристоф Рогачевич вечер на фестивалот за монодрама „Битола 2025“

Актерите Ане Блажовски и Кристоф Рогачевич вечер на фестивалот за монодрама „Битола 2025“

Битола, 18 мај 2025 (МИА) - Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2025“ продолжува со претстави во конкуренција кои вечер ќе бидат изведени во две сали на НУ Центар за култура. Според програмата во 20 часот ќе настапи Кристоф Рогачевич, актер од театарот „Маска“ во Полска кој ќе ја изведе монодрамата „Парадокс“.

-Станува збор за моќна монодрама, инспирирана од „Замка 22“ на Џозеф Келер, претстава во која актерот се претвора во неколку ликови, истовремено луди, очајни, човечки. Со патување низ војна, страв и смеа, монодрамата „Парадокс“ не нуди одговори туку очи, информираа од фестивалскиот прес центар.

Пред жири комисијата и битолската публика од 21:30 ќе настапи и македонскиот актер Ане Блажовски кој ќе ја изведе монодрамата „Кој знае зошто?“, инспирирана од Достоевски, во режија на Дамјан Читкушев.

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2025“ почна синоќа, а завршува на 23 мај.мт/вј/

Фото: НУ Центар за култура-Битола 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан