• петок, 22 ноември 2024

Адидас планира да го продаде брендот Рибок

Адидас планира да го продаде брендот Рибок
Њујорк, 17 февруари 2021 (МИА) - Германскиот производител на спортска опрема Адидас планира да го продаде или да го издвои од компанијата помалку успешниот бренд Рибок. Адидас соопшти дека одлучи да почне формален процес со цел дезинвестирање на Рибок во рамките на петгодишната стратегија, што ќе ја претстави на 10 март, кога ќе ги објави деловните резултати за 2020 година. Тогаш ќе извести и за претстанок на работа на Рибок во првиот квартл од 2021 година. Се проценува дека вредноста на Рибок би можела да изнесува околу една милијарда евра. - Рибок и Адидас ќе можат значително подобро да го остварат својот потенцијален раст како независни фирми редна од друга, изјави извршниот директор на Адидас, Каспер Рорстед. Адидас го купи Рибок, со седиште во Бостон, во 2006 година за 3,8 милијарди долари со цел да конкурира на ривалот Најки. Но слабите деловни резултати на Рибок доведоа до барања на инвеститорите Адидас да се издвои од Рибок. ми/

Остани поврзан