• недела, 22 декември 2024

Адидас доби кредит од 2,4 милијарди евра од германската државна банка

Адидас доби кредит од 2,4 милијарди евра од германската државна банка
Херцогенаурах, 15 април 2020 (МИА) - Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ доби кредит од државната развојна банка КфВ во износ од 2,4 милијарди евра за да се справи со последиците од пандемијата на Ковид-19. „Државната банка се обврза да одобри кредит од 2,4 милијарди евра, а дополнителни 600 милиони евра кредит одобри група банки. Поради тешките последици во работењето од ширењето на коронавирусот моравме да преземеме дополнителни чекори за да обезбедиме финансиска флексибилност, се наведува во соопштението на „Адидас“. Од компанијата порачаа дека нивните извршни директори нема да добијат краткорочни и долгорочни бонуси за ова година, „што вкупно изнесува 65 отсто од годишните такси“. Тие исто така истакнуваат дека во моментов не можат да го предвидат влијанието што пандемијата на вирусот ќе го има врз нивното работење, ниту можат да објават финансиска прогноза за 2020 година. паг/  

Остани поврзан