• четврток, 09 мај 2024

Адетокунбо изедначи рекорд на Џејмс

Адетокунбо изедначи рекорд на Џејмс

Милвоки, 31 март 2024 (МИА) – Ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо се изедначи со Леброн Џејмс по одиграни натпревари со 30 поени, 15 скока и пет асистенции.

Гркот ноќеска во победата над Аталанта постигна 36 поени, 18 скока и осум асистенции.

Така, Јанис го стигна Џејмс од Лос Анџелес лејкерс во најмногу одиграни натпревари со 30 поени, 15 скока и 5 асистенции. Двајцата имаат по 127 такви средби.

Зад нив во оваа статистичка категорија е Расел Вестбрук (93).

Никола Јокиќ (89) и Лука Дончиќ (83) се на четвртата и петтата позиција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан