• петок, 22 ноември 2024

Адам Севиџ обвинет за силување на својата сестра

Адам Севиџ обвинет за силување на својата сестра
Њујорк, 1 јули 2020 (МИА) - Шоуменот Адам Севиџ, порано познат како водител на популарната емисија „Разбивачи на митови“ (MythBusters) доби обвинение за силување од сестра сѝ. Имено, Миранда Пакчијана го тужи нејзиниот брат и тврди дека силувањата и сексуалната злоупотреба се случиле 1970-тите, кога тој имал меѓу девет и 12 години, а таа меѓу седум и 10 години. Обвинението е поднесено пред њујоршкиот Акт за деца жртви, што би гарантирало дека случајот нема да биде прогласен за застарен. Таа тврди дека тогаш тој дури и се нарекол „борачот силувач“, како и дека сѐ тоа оставило „катастрофални и трајни повреди“ кај неа. Севиџ (53) ги отфрли наводите на Пакчијана.  си/сд/

Остани поврзан