• сабота, 18 мај 2024

Агенцијата за млади и спорт започнува со активностите по повод Меѓународен ден на младите

Агенцијата за млади и спорт започнува со активностите по повод Меѓународен ден на младите

Скопје, 8 август 2022 (МИА) - По повод 12 Август - Меѓународен ден на младите, Агенцијата за млади и спорт во период од 8 до 12 август организира многубројни активности, а ќе се води по препораките на Обединети Нации, кои оваа година ставија акцент на искористување на целосниот потенцијал на сите генерации кон постигнување на целите за одржлив развој.

За денеска е предвидено неформално дружење со младите во Casa bar во Скопје, со цел да се одбележи почетокот на неделата на младите.

- Со овој настан го обележуваме стартот на неделата на младите и Процесот на креирање на нова Национална Стратегија на млади, со поддршка од постојаната мисија на ОБСЕ во Скопје  и УНДП. На настанот ќе присуствуваат релевантни фактори на Меѓународната заедница, претставници на младинските организации и претставници на државните институции, информира Агенцијата. Обраќање ќе имаат директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, заменик-шеф на мисијата на ОБСЕ, Џефри Голдшатјн и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

На 11 август во Хотелот „Панорамика“ во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција за млади на тема „Младите во отворен Балкан-шанси и перспективи за сигурен напредок во регионот“.

-На конференцијата учество ќе земат високи владини функционери од земјава, како и министерот за млади и спорт на Република Србија, министерот за млади и спорт на Црна Гора, како и претставници на младински организации од овие држави и од Република Албанија, соопшти Агенцијата за млади и спорт.

На 12 август во 19 часот, како што најавија од Агенцијата, во претседателската вила на Водно ќе се доделат награди за младинско учество, кои оваа година ги доделува АМС во соработка со НМСМ во три категории: индивидуална, категорија за неформални групи на млади и категорија младински организации, организации за млади и младински чадор организации.

По доделување на наградите се организира завршен настан-забава за младите кај Школка во Градски парк, со учество на повеќе музички бендови и DJ. ки/мд/

Остани поврзан