• недела, 22 декември 2024

Авторот на „Круна“ најави пауза во снимањето

Авторот на „Круна“ најави пауза во снимањето

Лонндон, 9 септември 2022 (МИА) - Познатата ТВ-серија на Нетфликс - „Круна“ (The Crown), веројатно, ќе направи пауза од снимањето на својата шеста сезона, како знак на почит кон починатата британска кралица Елизабета Втора, објавија британските медиуми.

Серијата-драма на авторот Питер Морган се заснова на животот, владеењето и наследството на 96-годишната кралица која 70 години ѝ служеше на Велика Британија, како монарх со најдолга власт во историјата. Елизабета Втора почина вчера во својот замок Балморал во Шкотска. „'Круна' е љубовно писмо до неа и немам што да кажам повеќе во овој миг. Само тишина и почит“, објави Морган откако Бакингемската палата извести за смртта на кралицата. - „Очекувам и дека, од почит, ќе престанеме да снимаме некое време“, додаде потоа тој. Претстојната, петта сезона од серијата треба да биде достапна на Нетфликс во ноември, според Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ.  си/ https://youtu.be/3lgYHGV0OCI

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан