• недела, 22 декември 2024

Австралијката Палистер се повлече од трката на 1.500 метри поради коронавирус

Австралијката Палистер се повлече од трката на 1.500 метри поради коронавирус

Париз, 30 јули 2024 (МИА) - Австралиската пливачка Лани Палистер се повлече од трката на 1.500 метри слободно на Олимписките игри во Париз, откако беше позитивно тестирана за коронавирус.

Палистер моментално се наоѓа во самоизолација во Олимпиското село.

Дваесет и двегодишната девојка се упати кон париската арена „Ла Дефенс“ денес наутро пред планираното пливање на 1.500 метри слободно. Сепак, по загревањето во базенот за тренинг, Палистер се чувствуваше лошо и реши да се повлече од натпреварувањето.

Палистер се надева дека ќе се натпреварува во штафетата 4x200 метри слободно во четврток како дел од тимот на Австралија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан