• недела, 22 декември 2024

Австралија ќе ги зајакнува своите вооружени сили после Ковид-19

Австралија ќе ги зајакнува своите вооружени сили после Ковид-19
Лондон, 30 јуни 2020 (МИА) - Австралискиот премиер Скот Морисон најави дека неговата земја ќе набави ракети со долг дострел и ќе спроведува истражувања во областа на хиперсонични системи за оружје. Тој го најави ова, „подготвувајќи се за нов, поопасен свет во периодот по пандемијата, а имајќи го предвид растечкото ривалство во индо-пацифичкиот регион“. Лондонскиот весник „Гардијан“ пишува дека во утрешното обраќање Морисон ќе претстави план за зајакнување на австралиските воени сили, што подразбира посилни капацитети наменети за одвраќање на потенцијалните непријатели, затоа што, како што рече, „поради растечките тензии меѓу Кина и САД, регионот станува центар на доминантен глобален натпревар на нашето време“. Според весникот, Морисон ќе ја објави својата намера да издвои 270 милијарди долари за набавка на нови и надградувања на постојните одбранбени капацитети во текот на следната деценија, што е значително повеќе од 195 милијарди, наменети за десетгодишниот период по 2016 година, кога беше објавена последната „бела книга“ на Министерство за одбрана. јт/  

Остани поврзан