Австралија најуспешна по првиот ден на Олимпијадата во Париз
- Со три освоени златни медали Австралија е најуспешна по првиот натпреварувачки ден на Игрите во Париз. Олимпијците од Австралија освоија и две сребра.

Париз, 27 јули 2024 (МИА) – Со три освоени златни медали Австралија е најуспешна по првиот натпреварувачки ден на Игрите во Париз. Олимпијците од Австралија освоија и две сребра.
Втора е Кина со две злата, имаат и еден бронзен медал.
По еден златен медал имаат: САД, Франција, Јужна Кореја, Белгија, Казахстан, Јапонија, Германија и Хонгконг.
Вкупно 20 држави се закитија барем со едно одличје на првиот ден на Игрите во Париз. зс/
Фото: ЕПА