• недела, 22 декември 2024

Австралија издвојува 600 милиони за привлекување воени резервисти

Австралија издвојува 600 милиони за привлекување воени резервисти

Канбера, 4 ноември 2024 (МИА) - Австралија ќе потроши 600 милиони австралиски долари (395 милиони американски долари) за да привлече резервисти во одбраната и да обезбеди парични бонуси за задржување на војниците.

Минатогодишната проверка на австралиските одбранбени сили покажа дека недостигот на персонал е приоритетен проблем, и покрај зголемувањето на буџетот за одбрана на рекордни 51,5 милијарди австралиски долари годишно. Владата планира и модернизација на северните воени бази и развој на капацитети со долг дострел.

Планот за работната сила предвидува продолжување на бонус програмата до 2028 година и нејзино проширување кон средните воени чинови. Службениците ќе добијат 40.000 австралиски долари доколку останат во одбранбените сили.

Целта е да се постигне постојан персонал од 69.000 луѓе до 2030 година, со вкупна бројка на воени и цивилни лица од околу 100.000 до 2040 година. Во јуни бројот на постојани службеници бил околу 57.000, со доста испразнети позиции.

Австралија, исто така, вложува во нуклеарни подморници и ракетни системи како одговор на растечките тензии со Кина во Индо-пацифичкиот регион. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан