• недела, 22 декември 2024

Авиокомпанијата Емирати првпат регистрира загуба од 4,5 милијарди евра

Авиокомпанијата Емирати првпат регистрира загуба од 4,5 милијарди евра
Дубаи, 15 јуни 2021 (МИА) - Авиокомпанијата од Дубаи, Емирати денеска соопшти дека првпат во 30 години забележала загуба од 4,5 милијарди евра на годино ниво поради рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19. - Поради ограничувањата на летовите и патувањата поради пандемијата, авиокомпанијата минатата година забележа загуба од 20,3 милијарди дирхами (повеќе од 4,5 милијарди евра), по добивка од 1,1 милијарда дирхами (скоро 247 милиони евра), соопшти Емирати. Авиокомапнијата Емирати поради пандемијата ги суспендира летовите во пролетта во 2020 година при што регистрира пад на приходите од 66 отсто. Во текот на изминатата фискална година, што заврши во март, Емиратите превезоа 6,6 милиони патници, што е за 88 проценти помалку од претходниот период, од март 2019 до март 2020 година. Поради тоа, првпат во сите сектори на компанијата уследија откази, а бројот на вработени е намален за 31 процент. Емирати сега имаат 75.145 вработени. ми/

Остани поврзан