• четврток, 29 август 2024

Абрахам би можел да го засили Милан

Абрахам би можел да го засили Милан

Рим, 28 август 2024 (МИА) - Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам би можел да стане фудбалер на Милан. 

Дваесет и шестгодишниот Абрахам минатата сезона одигра осум натпревари во Серија А и постигна еден гол. Неговиот договор со  Рома е до летото 2026 година.

Според „pianetamilan.it“, фудбалерот ќе го заземе местото на Лука Јокиќ во миланскиот клуб. Со овој трансфер ќе биде опфатен играчот од средниот ред Алексис Салемакерс кој ќе оди во спротивен правец и ќе стане дел од Рома.

Римјаните гледаат на Саламакерс како фудбалер околу кого би се базирала играта во средниот ред. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан