• вторник, 16 јули 2024

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром сезоната ја почнува против црногорски Теодо на домашен терен

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром сезоната ја почнува против црногорски Теодо на домашен терен


Загреб, 15 јули 2024 (МИА) – Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром новата сезона во регионалната АБА 2 лига ќе ја почне на домашен терен против Теодо, одлучи денешната жрепка со која е утврден календарот на натпревари.
Вкупно 16 екипи се поделени во четири групи, а жрепката го смести МЗТ Скопје Аеродром во групата А во која за противници ќе ги има и хрватска Цедевита и словенечки Хелиос.
Пласман во Топ 8 ќе обезбедат двете првопласирани екипи во секоја од групите.
Најдобрите два тима од двете групи од втората фаза ќе се пласираат во полуфиналето, кое ќе се игра до две победи исто како и големото финале.
Првенството почнува на 24 септември. ег ФОТО: АБА2

Остани поврзан