• петок, 17 април 2026

 Тајланд постигна договор со Иран за безбеден премин низ Ормуската Теснина

 Тајланд постигна договор со Иран за безбеден премин низ Ормуската Теснина

Бангкок, 28 март 2026 (МИА) - Тајланд соопшти дека постигнал договор со Иран кој ќе овозможи неговите нафтени танкери непречено да минуваат низ Ормуската Теснина, која е под блокада на Техеран.ж

- Постигнат е договор кој ќе овозможи безбеден премин на тајландските танкери, со што ќе се намалат грижите за снабдувањето со гориво - изјави тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул.

Земјите од Југоисточна Азија го носат најголемиот товар од недостигот на енергенси, а во Тајланд цената на дизелот веќе порасна за 6 бати по литар, предизвикувајќи долги редици на бензинските станици.

Блокадата на Техеран доаѓа како одговор на американско-израелската кампања која трае точно еден месец. Иранската револуционерна гарда потврди дека протокот е затворен за бродови поврзани со „непријателот“.

Движењето низ овој стратешки премин, низ кој вообичаено минува 20% од светската нафта, е намалено за 95% во текот на март. Од почетокот на месецот, во овој регион биле нападнати 24 трговски бродови. ссм/

фото: архива

Остани поврзан