• четврток, 21 ноември 2024

 Во Аргентина воведен ковид данок за милионери

 Во Аргентина воведен ковид данок за милионери
Буенос Аирес, 30 јануари (МИА) - Во Аргентина од денеска стапува на сила одлука за воведување еднократен данок за најбогатите луѓе за да и се помогне на државата да плаќа медицински материјали и да обезбеди стимулации за компаниите кои се во криза поради пандемијата со Ковид-19. Аргентинците со имот од над 2,3 милиони долари, а се проценува дека ги има околу 12.000, ќе треба да платат сума од околу три проценти за пријавениот имот во земјата и над пет проценти за имотот што го имаат во странство, пренесува Би-Би-Си. Владата се надева дека на овој начин ќе собере околу три милијарди долари, а парите ќе помогнат и за финансирање стипендии и социјална помош. Аргентинскиот Сенат во декември, со 42 гласа „за“ и 26 „против“, донесе одлука за еднократен данок, наречен „данок на милионери“, како дел од мерките за справување со пандемијата. Опозицијата ја критикуваше мерката на аргентинските власти, оценувајќи ја како „конфискација“, наведува Би-Би-Си. паг/

Остани поврзан