Јужнокорејските власти идентификуваа 140 од 179 жртви во авионската несреќа
- Јужнокорејските власти идентификуваа 140 од 179 лица кои загинаа вчера кога авионот со кој патувале се урна и се запали во најсмртоносната авионска несреќа во земјата, јави ДПА.
Сеул, 30 декември 2024 (МИА) - Јужнокорејските власти идентификуваа 140 од 179 лица кои загинаа вчера кога авионот со кој патувале се урна и се запали во најсмртоносната авионска несреќа во земјата, јави ДПА.
Продолжува истрагата за причината за падот на јужнокорејскиот авион кој патувал од Бангкок за Муанг.
Пилотите пријавиле судар со птици непосредно пред итното слетување на авионот, објави претходно јужнокорејска новинска агенција, цитирајќи го Министерството за транспорт.
Информацијата ги поткрепува хипотезите дека е можно од судирот да е погодена опремата за слетување на авионот „Боинг 737-800“ на компанијата „Чежу Ер“. Властите соопштија дека контролната кула на аеродромот издала предупредување за птици непосредно пред падот.
Пилотите потоа извршиле итно слетување без да ја постават опремата за слетување. „Боингот 737-800“ се излизгал на пистата, удрил во бетонски ѕид и се запалил.
Во авионот имало 181 лице, од кои 179 загинале. Двајцата преживеани биле членови на екипажот. Освен двајца тајландски државјани, сите патници во авионот биле корејски државјани. рп/
Фото: ЕПА