• e shtunë, 04 janar 2025

МАЕИ, МД „Илинден“ и градоначалникот Колефски, упатија честитка по повод новогодишните празници

МАЕИ, МД „Илинден“ и градоначалникот Колефски, упатија честитка по повод новогодишните празници

Тирана, 1 јануари 2025 (МИА) - Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, до сите Македонци, членови и пријатели на партијата упати честитка за среќна и успешна Нова година.

-Нека 2025 година донесе здравје, среќа и благосостојба во вашите домови, сплотеност во нашата заедница и напредок во нашата борба за зачувување и унапредување на македонскиот идентитет и култура во Албанија, стои во честитката.

Се додава дека годината што е зад нас „беше исполнета со предизвици, но и со моменти на заеднички успеси и гордост“.

-Остануваме решителни во нашите напори за јакнење на положбата на Македонците во Албанија и зајакнување на врските со нашата татковина Македонија. Ви посакуваме празниците да ги поминете во кругот на вашите најмили, со радост и љубов, а Новата година да ни донесе нови можности за заеднички успеси. Среќна Нова година, посакува МАЕИ во честитката потпишана од претседателот Васил Стерјовски.

Честитка за среќна Нова година упати и претседателот на македонското друштво „Илинден“- Тирана, Никола Ѓурѓај  како и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.

-Новата 2025 нека ви биде исполнета со многу здравје, радост, успеси и незаборавни моменти на среќа. Посакуваме подобра и помирна година насекаде, хуманоста и разбирањето да надвладеат во светот. Среќна Нова 2025,  стои  меѓу другото во честитките. вт/

QËNDRONI TË LIDHUR