Палестински дипломат заплака на седница на Советот за безбедност на ОН раскажувајќи за убиен лекар
- Палестинскиот постојан набљудувач при ОН, Ријад Мансур, не можеше да ги задржи емоциите и заплака за време на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на состојбата во Појасот Газа.
- Post By Сања Костовска
- 21:41, 3 janar, 2025
Њујорк, 3 јануари 2025 (МИА) - Палестинскиот постојан набљудувач при ОН, Ријад Мансур, не можеше да ги задржи емоциите и заплака за време на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на состојбата во Појасот Газа.
Мансур раскажа приказна за палестински лекар кој бил убиен во напад на Израел.
„Пред неколку месеци, докторот напиша порака на таблата што обично се користи за планирање операции. Цитирам: ‘Кој ќе остане до крајот, ќе ја раскаже нашата приказна. Направивме сè што можевме. Запомни нè. Запомнете нè.’“ - рече Мансур, кој потоа не можеше да ги задржи солзите.
По кратка пауза, тој продолжи со својот говор.
Според извештајот на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права за нападите врз болници во Газа, Израел е одговорен за нападите врз медицински работници во болниците во Појасот Газа. ссм/
фото: ЕПА